Потребни состојки:
200 г шеќер
2 лажици масло
3 белки
2 јајца
60 г брашно
200 г ситно сечкани ореви
1 исцеден портокал
Прстофат сол
1 лажичка цимет
За прелив:
150 г шеќер
1 лажица мед
100 мл сок од портокал
1 лажица сок од лимон
Прстофат цимет
Постапка:
Изматете јајца и белки со шеќер па постепено додавајте ги преостанатите состојки. Сето соединете го и прелијте во калап за печење. Печете 30-35 минути на 170°.
Преливот пригответе го така што ќе загреете се’ на рингла додека шеќерот не се растопи. Додека е уште врел прелијте го колачот, па изладете и послужете.
*За поголема количина зголемете ги состојките во правилен однос.