Колач со портокал и чоколадо…ВКУСЕН ДЕСЕРТ ЗА КОЈ СЕ ЗБОРУВА…
Подготовката на овој колач е едноставна, а вкусот сите ги освојува. Пробајте го, нема да зажалите…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За бисквит:
3 јајца
1 чаша шеќер (200 мл)
100 мл масло или стопен путер
200 г брашно (10 лажици)
1 ванилин шеќер
1 прашок за пеќиво
2 портокали
За прелив:
50 г чоколадо за готвење
150 мл млеко
3 лажици шеќер
1 лажица какао
50 г маргарин или путер
По желба: 2 лажици кокос за посипување
ПОСТАПКА:
1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата додека да станат пенасти. Додека матите додајте го маслото, а потоа додајте го брашното помешано со прашок за печиво и соединете.
2.Портокалите излупете ги, извадете им ги семките и сомелете ги во блендер. Сипете ги во тестото и соединете со миксер.
3.Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап со средна големина 30х22 см (или огноотпорен сад намастен со путер).
4.Печете во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути.
5.Печениот колач оставете да се олади, а потоа исечете го на коцки.
6.Сите потребни состојки за преливот ставете ги на умерена температура и од моментот на зовривање варете уште 5 минути. После 5 минути откако ќе го тргнете од оган, залијте го колачот.
7.По желба одозгора посипете го со кокос. Оставете да го впие и да се олади преливот, па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.