Home Десерти Колач со павлака кој се топи во уста! Се меша 5 минути,...

Колач со павлака кој се топи во уста! Се меша 5 минути, па се пече…

Познатиот француски колач со јпавлака што се топи во уста, подготвока за 5 минути – омилениот рецепт на баба

Овој легендарен француски колач со павлака е вистинско ремек-дело на едноставноста и вкусот: се подготвува за само 5 минути, а резултатот е неверојатно мек, сочен и воздушест десерт кој се топи во уста.

Без потреба од вага, со нежна арома на лимон и крцкави фстаци, тој е совршен за утринско кафе, појадок или брз сладок залак.

Еден залак и ќе ве врати во детството – пробајте го и ќе сакате да го подготвувате повторно и повторно, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

3 јајца
прстофат сол
200 г шеќер
малку ванила
120 мл масло
180 г кисела павлака или цврст јогурт
рендана кора од 1 лимон
сок од 1 лимон
250 г брашно
15 г прашок за печиво
50 г шеќер во прав
2 лажици сок од лимон
сечкани фстаци (по желба)
НМД

Постапка:

1. Во сад ставете ги 3 јајца, прстофат сол, 200 г шеќер и малку ванила. Матете со миксер додека да се добие пенаста смеса.

2. Додајте 120 мл масло и матете повторно.
3. Ставете 180 г павлака и измешајте.
4. Додајте рендана кора од 1 лимон и сок од 1 лимон, па промешајте.

5. Во смесата додавајте 250 г брашно и 15 г прашок за печиво во два навврати, мешајќи внимателно за да се добие хомогена смеса без грутки.

6. Подгответе правоаголен плех од 27 × 18 см, обложен со хартија за печење на дното и страните.

7. Истурете ја смесата во плехот и печете во загреана рерна на 175 °C околу 35–40 минути, додека колачот се зарумени и го помине тестот со чепкалка.

8. Извадете го колачот и оставете го да се излади.
9. За глазурата измешајте 50 г шеќер во прав со 2 лажици сок од лимон додека се добие мазна смеса.

10. Премачкјате го колачот со глазурата и посипете со сечкани фстаци или нешто по ваша желба.

11. Послужете го со кафе, чај или топка сладолед – добар апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: