КОЛАЧ СО ОВОШЈЕ И ОРЕВИ…Маж ми е многу среќен кога го правам овој десерт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
130 г путер
100 г шеќер
3 јајца
1 лажичка ванилин екстракт
200 г брашно
1 полна лажичка прашок за печиво
150 г суво овошје + јаткасти плодови (мешавина по желба)
се пече 40-45 минути на 170 степени
калап за ролати 21х11х6 см
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете го путерот со шеќерот 3-4 минути, па додајте ги јајцата едно по едно додека непрекинато матите. Додајте екстракт од ванила и бадем по желба и на крај просеаното брашно помешано со прашок за печиво.
Матете 15 минути додека сето убаво да се изедначи во мазна смеса. На крај вмешајте ја и мешавината од суво овошје и јаткасти плодови. Смесата сипете ја во обложен калап и печете ја во загреана рерна.
Кога ќе се олади посипете шеќер во шправ и послужете. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: