КОЛАЧ СО ОРЕВИ И ЈАБОЛКА…Колач со вкус за 10! Брз, економичен и многу вкусен, а состојките се мерат со чаша…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
2 јајца
½ чаша шеќер
1 чаша јогурт
½ чаша масло
1 чаша сечкани ореви
2 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
1 кесичка ванилин шеќер (10 г)
1 чаша гриз
4 јаболка
3 лажици џем од кајсии
ПОСТАПКА:
1.Изматете 2 јајца со половина чаша шеќер додека да се растопи и смесата да згусне.
2.Додајте 1 чаша јогурт, 1/2 чаша масло и 1 чаша сечкани ореви и измешајте.
Потоа додајте 2 лажици брашно, прашок за печиво, ванилин шеќер и 1 чаша гриз, па сè убаво измешајте.
3.Изрендајте 4 јаболка и додајте ги во смесата, убаво измешајте и оставете да отстои 10 минути.
4.Калап 20×30 см намачкајте го со путер и распоредете ја смесата.
5.Ставете во загреана рерна и печете на 180°C 30 минути.
6.Испечениот колач премачкајте го со 3 лажици џем од кајсии и посипете го со ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ.