Колач со ореви и еурокрем-блок чоколадо…Мајка ми го правеше секоја недела, на сите ни беше највкусен десерт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
7 белки
300-400 г шеќер
100 г мелени ореви
2 лажици масло
2 лажици млеко
7 лажици брашно
100 г еурокрем-блок чоколадо „Ципирипи“
1 прашок за печиво
Се пече во загреана рерна на 180 степени 20 минути.

За фил:
7 жолчки
4 лажици шеќер
100 г чоколадо за готвење „Ципирипи“
100 г еурокрем-блок чоколадо
200 г путер или маргарин
Врелиот фил сипете го врз врелиот бисквит

Одозгора колачот посипете го со:
4 лажици мелени ореви
100 г рендано еурокрем-блок чоколадо „Ципирипи“
Оставете го во фрижидер да се излади.

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот. Во цврстиот снег вмешајте масло и млеко, а потоа додајте мелени ореви и брашно помешано со прашок за печиво. Соединете со миксер, па додајте рендано чоколадо.

Сипете ја смесата во плех 25х35 см обложен со хартија и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути.

За фил: пенасто изматете ги жолчките со шеќерот додека да станат кремасти, па сварете ги на пареа 15-тина минути со непрекинато мешање. Додајте чоколадо и путер и промешајте додека да се растопат и соединат.

Сипете го филот преку печениот колач, посипете мелени ореви, а потоа и рендано чоколадо. Оставете го 1 час да се олади во фрижидер, па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/HalNs6Q3hjo?si=86B9J23ImJUXc4QU