Фереро рочер колач, превкусен

Потребни состојки:

100 г путер/маргарин
100 г шеќер во прав
4 јајца
130 Менаж чоколадо
1 лажица какао
1 ванилин шеќер
70 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
½ лажичка прашок за печиво
½ лажичка сол
70 мл слатка павлака
130 мл млеко

за крем:

400 г нутела
400 г крем сирење
250 г сечкани лешници
100 г наполитанки

за глазура:

200 г Менаж чоколадо
200 мл слатка павлака

Постапка:

Со миксер изматете ги путерот и шеќерот заедно. Чоколадото растопете го на пареа. Во путерот додадете 4 жолчки, една по една, а потоа и малку разладеното чоколадо, какаото и ванилин шеќерот.

Брашното помешајте го со прашок за печиво, додадете го во смесата, па полека со лажица промешајте. Потоа додадете ја слатката павлака, млекото и цврсто изматениот снег од белките. Внимателно промешајте со лажицата за да се изедначат состојките, а сепак да остане воздушесто.

Испечете ја кората во плех обложен со хартија за печење на 180 степени околу 30 минути. Готовата кора оставете ја да излади, а потоа пресечете ја надолжно и спремете ја за филување.

За крем: изматете го крем сирењето, додадете нутела, сечкани лешници и издробени наполитанки.

Се филува тортата и се прелива со чоколадо. Се загрева слатката павлака, се трга од оган и се додава чоколадото. Полека се промешува и се прелива преку тортата. Се украсува по желба.

Совет: јас оваа торта ја правев во двојна доза, бидејќи е превкусна, не е премногу склатка а преполна е со чоколадо. Мој совет за сите кои ќе се одлучат да ја направат, е да ги удвојат состојките, зошто се јаде додека трепнеш и не останува за после. Поздрав!