Home Десерти КОЛАЧ СО МАК…Готов додека сварите кафе…Се топи во уста, ќе ве воодушеви…

КОЛАЧ СО МАК…Готов додека сварите кафе…Се топи во уста, ќе ве воодушеви…

КОЛАЧ СО МАК…Готов додека сварите кафе…Се топи во уста, ќе ве воодушеви…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл):

2 чаши млеко
2 чаши шеќер
3 чаши брашно
1 чаша масло
12 г прашок за печиво
200 г мак (семе од афион)

За крем:
1 литар млеко
1 чаша шеќер
2 чаши гриз
2 кесички ванилин шеќер
50 г путер
1/2 чаша мед

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад со жица измешајте ги сите наведени состојки. Смесата сипете ја во плех намастен со путер (или обложен со намастена хартија) и печете 30-тина минути во загреана рерна на 180 степени.

Во тенџере измешајте млеко, шеќер, ванила и гриз, па сварете на оган со непрекинато мешање додека да згусне. Кога ќе се олади додајте путер и изматете со путер, а потоа и медот. Премачкјате го оладениот колач.

Одозгора посипете го со кокос и оладете пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ: