Колач со кокос како „Брзи Гонзалес“ готов е за 5 минути, мерки на чаша, се топи во уста… Овој колач навистина брзо се приготвува, не е потребна голема умешност: само се мешаат состојките и смесата се излева и се пече.
Состојките се мерат со чаша од 300 мл, па така, имате спремен колач за само 5 минути. Сочен и вкусен, прелиен со чоколадна глазура (под пишаниот има и видео рецепт).
Потребни состојки: 1 чаша јогурт, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 2 чаши шеќер, 1 чаша кокос, 2 чаши брашно, 1 кесичка ванилин шеќер и 1 кесичка прашок за печиво. За глазура: 200 г чоколадо и 3 лажици масло
Постапка: Во подлабок сад ставете една чаша густ јогурт на собна температура, додадете една чаша млеко и една чаша масло. Цело време се мери со иста чаша.
Промешајте ги течните состојки, па додајте две чаши шеќер и една кесичка ванилин шеќер, па добро промешајте за да се растопи шеќерот. Не ви е потребен миксер, доволно е да се промеша со лажица, околу 1-2 минути.
Потоа додајте една чаша кокос, промешајте, па додајте две чаши брашно и една кесичка прашок за печиво. Добро промешајте за да се изедначат состојките и да добиете хомогена смеса.
Добиената смеса излејте ја во плех со средна големина, претходно добро намастен. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути. Печениот колач оставете малку да подизлади, па исечете го на коцки.
Одозгора прелијте го со чоколадна глазура: на тивок оган/ на пареа/микробранова печка растопете го искршеното чоколадо со 3 лажици масло. Постапката од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото: