Фото и рецепт: Моника Иваноска

Потребни состојки:

5 јајца

200 г шеќер

100 г афион

4-5 јаболка рендани

1 прашок за печиво

200 мл млеко

100 мл масло

300 г брашно

За прелив:

1 чоколадо за готвење со неколку лажици масло по желба

Постапка:

Се матат јајцата и шеќерот пенасто, а потоа постепено се додаваат сите состојки и убаво се мешат.

Потоа се додаваат ренданите јаболка и афионот, па па смесата се истура во намастено тавче бр.30.

Се пече на 190 степени околу 40 мин.

Кога ке се испече се прелива со  чоколадната глазура.

Фото и рецепт: Моника Иваноска