Економичен, вкусен и сочен колач. Се допива полн плех од некои основни состојки и многу брзо се прави.
Фото и Рецепт: Сунчица Савиќ Стојановиќ – Колач со гриз и кокос.
Потребни состојки:
2 јајца
100 г шеќер
200 мл млеко
100 мл масло
200 г брашно
2 лажици какао
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
За крем:
1 литар млеко
7 лажици гриз (полни)
8 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
150 г кокос
Постапка:
Прво сварете го кремот. Во зовриено млеко ставете измешан гриз со шеќер и ванила, па варете 2 минути со постојано мешање. Додадете го кокосот, поклопете и оставете на страна.
За бисквит, белките пенасто изматете ги со шеќерот додека да добиете цврст сбег. Потоа додадете ги една по една жолчките и продолжете со матење, а потоа додадете ги и останатите состојки и убаво соединете матејќи со миксерот со помала брзина.
Плех со приближни димензии 35х20 см обложете го со хартија за печење или намастете го со малку малку и наросете го брашно, а вишокот истресете го.
Половина од смесата излејте ја во вака приготвениот плех. Тоа е баш тенок слој кој треба убаво да се разлее. Запечете го во загреана рерна на 170 степени многу кратко околу 5 минути колку да се зафати коричка.
Извадете го колачот од рерна, излејте ја смесата, израмнете, а одозгора излејте го и вториот дел од смесата. Вратете назад во рерна на уште 15-20 минути на истата температура, никако на посилно за да не се пресуши или изгори.
Изладете го неколку часа колачот за да се стегне за да добиете убаво исечени коцки. Следниот ден (ако остане) колачот е уште помек и посочен.
Фото и Рецепт: Сунчица Савиќ Стојановиќ