КОЛАЧ СО ЏЕМ И ОРЕВИ…Едноставен, брз, со состојки кои ги имате дома, а се мерат со шолја за кафе…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мала шолја за кафе од приближно 80 мл или каква имате):

4 јајца,
4 шолји шеќер,
3 шолји масло,
4 шолји млеко,
1 кесичка прашок за печиво,
6 шолји брашно, 4 шолји мелени ореви.

И уште:
3-4 лжици џем за премачкување
1 грст мелени ореви за посипување

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе добиете цврст снег, додајте ги една по една жолчките, а потоа во тенок млаз сипете го маслото, па млекото.

2.На неколку наврати додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и на крај вмешајте ги мелените ореви. Смесата сипете ја во намастен и набрашнет плех 35х25 см и печете 25-30 минути во загреана рерна на 180 степени.

3.Печениот бисквит оставете да подизлади 10 минути па премачкјате го со џем, а одозгора посипете мелени ореви. Оставете целосно да се олади, па послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.