КОЛАЧ СО ЈАГОДИ ЗА 7 МИНУТИ ОД ЕДЕН САД…Едноставен, брз, мек како памук останува долго време, а вкусот е неодолив…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 23х20 см)

500 г јагоди
250 г остро брашно
2 лажички прашок за печиво
1 прстофат сол
2 јајца
180-200 г шеќер (по вкус)
2 кесички ванилин шеќер
240 г кисела павлака
120 мл масло

ПОСТАПКА:

1.Во еден подлабок сад пенасто изматете ги јајцата заедно со шеќерот и ванилата додека да згуснат.

2.Додајте кисела павлака и масло, па повторно изматете. Во брашното додајте сол и прашок за печиво, па просејте и додајте на два наврати во смесата.

3.Матете со миксер на помала брзина колку да се соединат состојките и да нема грутчиња. Рерната вклучете да се загрева на 174 степени.

4.Половина од тестото сипете во калап обложен со хартија, а врз него распоредете ги јагодите исечкани на ленти или коцки.

5.Врз јагодите распоредете го остатокот од тестото и израмнете. Распоредете повторно јагоди.

6.Ставете да се пече во загреаната рерна приближно половина час и проверете со чепкалка. По желба посипете шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.