Колач „Снајка“ – Неодолив спој на кокос и ореви во кремаста симфонија
Овој колач е вистинска магија за сетилата – совршен баланс на нежни бисквитни кори, кремасти филови и богат вкус на кокос и ореви.
Идеален за посебни моменти или едноставно кога сакате да ги израдувате вашите најблиски со нешто слатко и посебно, пишува НМД. Подгответе се за уживање во секој залак!
Потребни состојки
За белиот бисквит:
– 6 белки
– 130 г шеќер + 1 ќесичка ванилин шеќер
– 170 г кокос
– 2 лажици брашно + ½ лажичка прашок за пециво
– Сок од половина лимон
За темниот бисквит:
– 6 белки
– 130 г шеќер + 1 ќесичка ванилин шеќер
– 130 г ситно мелени ореви
– 2 лажици брашно + ½ лажичка прашок за пециво
За фил:
– 12 жолчки
– 170 г шеќер
– 250 г путер (добро измиксиран, поделен на два дела)
За светлиот фил:
– Половина од кремот од жолчки
– Половина од измиксираниот путер
За темниот фил:
– Другата половина од кремот од жолчки
– Другата половина од измиксираниот путер
– 80 г мелени ореви
– 50 г темна чоколада (стопена со 3-4 лажици зовриено млеко)
За декорација:
– 30-40 г крупно мелени ореви
– 30-40 г рендана темна чоколада
Корисни алатки:
Миксер, цена – ОВДЕ. Кујнска вага, цена ОВДЕ. Калап за печење, цена ОВДЕ. Цедалка за лимон, цена ОВДЕ. Силиконска шпатула, цена ОВДЕ. Машина за мелење ореви, цена ОВДЕ. Кујнски крпи, цена ОВДЕ. Садови со капаци во разна големина, цена ОВДЕ. Нелепливи 3 силикони, цена ОВДЕ. Кутија за колачи, цена ОВДЕ. Жица за матење, цена ОВДЕ.
ПОСТАПКА:
Изматете ги 6-те белки со 130 г шеќер и ванилин шеќер додека да добиете цврст снег.
Додајте го сокот од лимон, а потоа внимателно вмешајте го кокосот помешан со брашното и прашокот за печиво. Мешајте полека со жица за матење.
Смесата распоредете ја во обложен капак 24х24 см и печете на 180°C околу 15-тина минути, додека да добие малку златна боја (да остане светло). Оставете да се излади.
Повторете го истиот процес како за белиот бисквит: изматете ги белките со шеќерот и ванилинот, додајте ги мелените ореви, па брашното со прашокот за печиво. Печете на истиот начин како и белиот бисквит.
Жолчките со 170 г шеќер изматете ги на пареа додека да добиете густ крем. Оставете го да се излади, па поделете го на два дела.
– Светол фил: Половина од кремот од жолчки измешајте со половина од измиксираниот путер.
– Темен фил: Другата половина од кремот измешајте со останатиот путер, па додајте ги мелените ореви и стопената чоколада (претходно измешана со зовриеното млеко, 3-4 лажици).
РЕДЕЊЕ: На првиот бисквит (бел или темен, по ваша желба) нанесете го светлиот фил. Потоа ставете го вториот бисквит и премајте го со темниот фил.
Одозгора посипете со крупно мелените ореви и ренданата темна чоколада. Оставете го колачот да отстои неколку часа во фрижидер за да се соединат вкусовите.
Исечете го колачот на коцки или парчиња и уживајте во оваа кремаста убавина со шолја кафе или чај. Гарантирано ќе стане омилен десерт на сите што ќе го пробаат!
Голем поздрав и уживање во готвењето! Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.