Овој колач го најдов на еден канал додека гледав телевизија, но гледам дека е многу проширен и на интеpнет. Домаќинките многу го сакаат, а и по слаткарниците почнале да го прават и да станува попyларен. Еден ден, ја прашав сосетката која работи во слаткарница за овој колач и таа ми рече дека редовно им се троши во голема количина.




Го нарекувале трислоен колач кај нас, а во другите земји, не знам. Сосетката дури ми кажа дека го барале како торта за родендени, па ми го напиша рецептот и ми го пушти по порака. Еве кои состојки ви се потребни за да го направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 15-20 бисквити (во зависност од големината), 1/4 чаша путер, 500 мл млеко, 3 лажици какао во прав, 6 лажици пченкарен скроб (густин/нишесте), 1 лажица екстракт од ванила, 1 мала шолја шеќер и еден среден огноотпорен сад.




ПОСТАПКА: Бисквитите се сомелуваат во блендер додека да станат прашести. Може да користите плазма. Измелените бисквити се соединуваат со 1/4 шолја растопен путер и убаво се промешува додека да се добие погуста смеса, како основата за чизкејк.




Вака подготвената основа се излева во еден среден огноотпорен сад (во зависност од големината на садот, се одредува дебелината на слоевите на колачот). Смесата убаво се натапкува за да се израмни. Ставете го садот во фрижидер додека го подготвувате белиот слој:




ЗА БЕЛИОТ СЛОЈ: 250 мл млеко (1 чаша) се става во тенџере на рингла, која треба да биде вклучена на ниска температура. Додајте 1/4 шолја густин (3 лажици) и промешајте. Додајте 1/2 шолја шеќер и варете на тивко со повремено промешување.




Кога млекото ќе зоврие, а пудингот ќе почне да се загрева, додајте сосем малку екстракт од ванила и убаво промешајте. Белиот крем е готов кога тешко ќе паѓа од лажицата и нема да остава траги во тенџерето каде што ќе промешате со шпатулата.




Белиот крем се излева и убаво се израмнува во смесата, а потоа се става целиот сад повторно во фрижидер. ЗА КАФЕАВИОТ СЛОЈ: Се подготвува на истиот начин како и белиот крем, со тоа што мешате 250 мл млеко, додајте 1/4 чаша скроб, какаото и 1/2 чаша шеќер.




Убаво соединете ги сите состојки додека да се разредат грутките формирани од какаото. Кога кремот ќе се згусне како белиот крем, со иста конзистентност, тргнете го сосе тенџерето од рингла и излејте го преку белиот крем. Израмнете го кремот.

Вака подготвениот колач ставете да се олади во фрижидер од 6-8 часа или најдобро преку ноќ. Кога се послужува се сече на коцки, а за да изгледа подекоративно, можете да го наросите со плазма или мелени бисквити. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.