КОЛАЧ ОД 3 СОСТОЈКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…„Лажна Унгарка“…Нема поевтин, а повкусен десерт…Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 кесички пудинг од чоколадо
1200 мл млеко
200 г чоколадо за готвење
180 г шеќер
400 г бисквити
150 мл млеко + 1 лажица шеќер за натопување на кексите

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере сипете литар млеко и додајте чоколадо искршено на коцки и загрејте на оган за да се растопи.

2.Пудингот помешајте го со шеќер и 200 мл млеко, па смесата сипете ја во зовриеното млеко, намалете го огнот и мешајте непрекинато додека да згусне, 2-3 минути.

3.Калап 28х20 см обложете го со фолија и сипете 1/5 од кремот. Распоредете, па наредете 10 кекси кратко потопувани во млеко.

4.Повторете ја постапката додека да го потрошите материјалот, 4 реда бисквити и 5 слоја крем. Колачот оставете го неколку часа да се олади, па сечете и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.