Home Десерти КОЛАЧ ОД 3 ЈАБОЛКА…Сѐ се меша во еден сад…Најбрзо, наједноставно и највкусно

КОЛАЧ ОД 3 ЈАБОЛКА…Сѐ се меша во еден сад…Најбрзо, наједноставно и највкусно

Брз јаболков колач

Кога времето е ограничено, а желбата за нешто слатко е неодолива, овој јаболков колач е совршен избор.

Со едноставни состојки, кои често се веќе при рака во секоја кујна, за само половина час ќе подготвите вкусен десерт што ќе ги воодушеви сите.

Свежите јаболка му даваат сочност и природна сладост, а подготовката е толку лесна што ќе стане ваш омилен рецепт за брзи слатки задоволства, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 4 јајца
– 150 г шеќер
– 150 мл млеко
– 150 г путер
– 15 г прашок за печиво
– 3 средни јаболка
– 350 г брашно
– НМД

Постапка:

1. Загрејте ја рерната на 180°C. Намастете и посипете со брашно плех со димензии 25 x 40 cm или обложете го со хартија за печење.

2. Во длабок сад со жица изматете ги јајцата заедно со шеќерот.

3. Додајте го стопениот и малку изладен путер, па млекото, и повторно промешајте. Потоа додајте ги брашното и прашокот за печиво и мешајте додека добиете хомогена смеса.

4. Изрендајте ги јаболките на крупно ренде и посипете ги со 1 лажица шеќер. Оставете ги неколку минути, па низ раце исцедете го вишокот сок.

Зачинете ги со 1 лажичка цимет и додајте ги во смесата. Промешајте внимателно за да се соединат.

5. Истурете ја смесата во подготвениот плех и израмнете ја површината.

6. Печете во загреана рерна околу 25–30 минути или додека колачот добие златно-кафеава боја, а чепкалка забодена во средината не излезе чиста.

8. Оставете го колачот кратко да се излади во плехот, па посипете со шеќер во прав пред сервирање.

Овој колач е идеален за уживање со чаша кафе или чај, а може да се послужи и со топка сладолед за дополнително уживање. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: