Супер, брз и едноставен колач. Готов за некои 10-тина минути. За љубителите на чоколадо е одличен избор.

Потребни состојки:

800 мл вод

200 г шеќер

1 путер/маргарин (250 г)

200 г чоколадо за готвење

600 г бисквити (или спорт тортички)

За прелив:

500 мл слатка павлака за шлаг

200 г чоколадо

Малку рум

Постапка:

Ставете ја водата да зоврие со шеќерот. Тргнете од оган и во топлиот сируп додадете ги путерот и чоколадото за да се растопат.

Во топлиот крем полека додадете ги крупно кршените бисквити. Сето излијте го во калап.

Прелив: на оган ставете ја слатката павлака, но да не зоврие, па додадете го искршеното чоколадо за да се растопи.

Додека е топло прелијте го преку колачот.

Кога ќе излади ставете во фрижидер најмалку неколку часови додека да стегне добро, најдобро преку ноќ.