КОЛАЧ МЕК КАКО СУНЃЕР ЗА 5 МИНУТИ…Евтино и вкусно, се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап со дијаметар од 24 см):

2 јајца
1 прстофат сол
80 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер (8 г)
80 мл масло
100 мл млеко
200 г брашно
12 г прашок за печиво

За фил:
150 г крем сирење
20 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер (8 г)
1 јајце
замрзнати малини или друго бобесто овошје

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата, шеќерот, солта и ванилиниот шеќер додека да станат кремасти.

2.Додека непрекинато матите сипете го прво маслото, па млекото и на крајот во смесата просејте брашно и прашок за печиво. Соединете во мазно тесто без грутчиња.

3.За кремот: во посебен сад измешајте крем сирење, шеќер, ванилин шеќер и јајце.

4.Истурете го тестото во калап обложен со хартија за печење. Со лажица распоредете го кремот преку тестото, а потоа посипете со замрзнати малини.

5.Печете на 180°C околу 35 минути додека да зарумени. Печениот колач посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.