КОЛАЧ МЕК КАКО ПАМУК…Од неколку состојки нараснува голем колку цела торта и доби највисоки оценки од сите што го пробаа…брз и многу вкусен, се прави за 5 минути. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 22 см, за мерење се користи чаша од 200 мл):
3 јајца со средна големина
3/4 чаша шеќер (150 г)
1 прстофат сол
1/2 чаша масло (120 мл)
2/3 чаша сок од портокал (150 мл)
рендана кора од 1 портокал
1 кесичка прашок за печиво
2 чаши брашно (220 г)
За премачкување и декорација:
малку џем по вкус
кокос
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и прстофат сол додека да згуснат и станат кремасти. Додајте масло, сок од портокал и ситно рендана кора од портокал.
2.Промешајте и изедначете, па додајте ги просеаното брашно и прашокот за печиво. Промешајте за сето да се изедначи и да нема грутчиња.
3.Добиеното тесто сипете го на калапот за торти претходно намастен со путер.
4.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени 40 минути.
5.Печениот колач додека е топол со четка премачкајте го со џем и посипете го со кокос. Добар апетит за оние кои ќе го пробаат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.