КОЛАЧ МЕДЕНО СРЦЕ СО МЕРКИ НА ЧАША, еден од најстарите и најсочните колачи. Овој колач сличен на чоколадниот колач е еден од најмеките и најсочните колачи кои ќе ве вратат во детството.




Многу е лесен за подготовка, а се прави од неколку состојки со мерки на чаша. Чашата е од 200 мл, класична, а излегуваат многу парчиња. Доколку сакате цимет и џем во колачи, веднаш направете го.




Потребни состојки: 2,5 чаши брашно, 1,5 чаши шеќер, 1,5 чаши кисела вода или млеко, 1 шолја џем од кајсии, 2 лажички сода бикарбона, 2 лажички цимет или по желба, 1 лажица какао. За премачкување: 8 лажици џем од кајсии, 100 г чоколадо за готвење. Глазура: 100 г чоколадо, 4 лажици масло.




Подготовка: Во еден сад измешајте ги следниве состојки: брашно, цимет и какао. Во друг сад измешајте ја киселата вода со џемот. Се меша сè додека да се растопи џемот и са се соедини со киселата вода.




Додајте ја сода бикарбоната, измешајте сè, па прелијте ја смесата во садот со суви состојки. Се соединува во компактна смеса, а потоа во плех со димензии 33×23, малку набрашнет и намастен, се излева половина од смесата и добро се распоредува.




Смесата треба да биде со ретка густина, пополека да ја излевате во плехот. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени сè додека да фати коричка одозгора, отприлика 15-тина минути.




По изминатото време, се вади од рерна и се премачкува со џемот. Џемот треба да е мек, отстојан на собна температура за лесно да се мачка врз кората. Доколку џемот не е мек додајде 1-2 лажички топла вода и добро измешајте.




Изрендајте го чоколадото преку џемот. Потоа прелијте со остатокот од смесата, но полека да истекува и секаде да се распореди. Не мора вие да ја развлекувате смесата дополнително, за чоколадото да си остане онаму каде што сте го изрендале.




Колачот вратете го на печење. Печете уште 15 минути. За да проверите дали колачот е печен, користете чепкалка за заби, но само за горниот слој. Не навлегувајте премногу длабоко бидејќи ќе го опфатите и делот со џем.




Колачот не треба да се пече премногу долго бидејќи ќе се исуши. Треба да остане сочен, воздушен и мек. Ако се пече долго време, топлиот воздух ќе помине низ дупчињата и ќе го исуши колачот одвнатре.




Испечениот колач прелијте го со растопена чоколада со масло (на пареа или директно на рингла) и оставете да се излади. Колачот може да се јаде и млак. / Рецепт на domaсireсeрti.net