Брз кремаст колач, едноставно се приготвува, го правам со години и никако не ни здосадува. Се надевам дека и вам ќе ви се допадне!

Потребни состојки:

5 јајца

5 лажици шеќер

5 лажици брашно

2 лажици какао

1 прашок за печиво

За прелив (можете и без него):

1 шолја од 200 мл шеќер

1,5 шолја вода

За крем 1:

2 пудинг од ванила

6 лажици шеќер

700 мл млеко

200 г путер/маргарин

100 мл изматена слатка павлака во шлаг

1 ванилин шеќер

За крем 2:

2 шлаг креми од чоколадо

250 мл млеко

За декорација бело чоколадо

Постапка:

Жолчките изматете ги со шеќер, додадете брашно, прашок и какао. Измешајте и на крај полека додадете снег од белки. Смесата печете ја во тепсија 30х25 см на 200 степени во зависност од рерната.

Во меѓувреме сварете го преливот и прелијте го колачот (ако сакате сочен колач, а доколку не го сакате ваков, можете едноставно малку да го напрскате со млеко, а овој дел да го прескокнете).

За крем 1: пудинзите сварете ги на вообичаен начин со шеќерот во млекото. Во изладениот крем додадете пенасто изматен путер и изматена слатка павлака во шлаг, како и ванилин шеќер.

За кремот 2: изматете ги шлаг кремите според упатството со 250 мл млеко.

Колачот премачкајте го и добро изладете го, барема неколку часа во фрижидер за да се стегнет кремите.