Фото и рецепт: Јулијана Павлоска. Баклава без кори или колач со вкус на баклава… како сакате, превкусен е!
Потребни состојки: 200 г шеќер, 2 лажици масло, 3 белки, 2 јајца, 60 г брашно
200 г ситно сечкани ореви, 1 портокал – сок, 1 прстофат сол и 1 лажичка цимет. За прелив: 150 г шеќер, 1 лажица мед, 100 мл сок од портокал, 1 лажица сок од лимон и 1 прстофат цимет
Постапка: Иматете ги јајцата и белките со шеќер, па додадете ги постепено и преостанатите состојки. Сето соединете го, а смесата излејте ја во калап за печење. Печете 30-35 минути на 170 степени.
Прелив: загрејте ги сите состојки на оган додека шеќерот да се растопи. Додека е врел прелијте го колачот. Изладете пред послужување. / Фотографија и рецепт на Јулијана Павлоска