I РЕЦЕПТ – Готов е само за неколку минути: Сочен колач со кокос без јајца! Само мешате и ставате на печење. Многу вкусен а едноставен колач.
Потребни состојки (Мерата е чаша од 200 мл): 1 чаша јогурт, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша кокос, 1 ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 2 чаши брашно, 1 прашок за печиво. За глазура: 100 г чоколадо, 3 лажици масло
Постапка: По истиот редослед како што се дадени, ставајте ги во подлабок сад и мешајте со лажица или шпатула. Мешајте додека смесата да се изедначи и да се спојат состојките.
Добиената смеса излејте ја во помал, намастен и набрашнет плех со димензии 20х17 см. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-тина минути. Проверете со чепкалка дали е печен.
На пареа или на тивок оган растопете го чоколадото со малку масло, па прелијте го преку колачот. Оставете да излади и глазурата да се стегне, па можете да го сечете колачот и да го послужете. / Coolinarika.com
II РЕЦЕПТ – КОЛАЧ ЗА СЕКОЈ ДЕН – Мек, нежен и многу евтин! Колачот е многу вкусен, се топи во уста, излегува многу а доста е евтин.
Потребни состојки (користете чаша од 200 мл за состојките): 1 јајце, 1 чаша шеќер, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша млеко, 1 чаша брашно и ½ прашок за печиво. За крем: 2 пудинг од ванила, 6 лажици шеќер, 600 мл млеко, 200 г путер и чоколадо
Постапка: Во еден сад прво пенасто изматете го јајцето заедно со шеќерот, па потоа додадете ги и останатите состојки, па сето добро измешајте го додека да се добие изедначена хомогена смеса. Плехот (средна величина) намастете го и излејте ја смесата. Печете 35 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.
Кремот пригответе го така што ќе го сварите пудингот во млекото со шеќерот. Оставете целосно да излади па додадете путер омекнат на собна температура и изматете. Откога убаво ќе го изматите кремот, нанесете го врз печената и изладена кора. Врз колачот изрендајте чоколадо и оставете го на ладење. / Coolinarika.com
III РЕЦЕПТ – Петминутен колач со јагоди од 4 состојки – Ќе ве освои уште со првиот залак. Брзо се приготвува, превкусен е а исто така и декоративен. Пробајте го овој петминутен колач со јагоди.
Потребни состојки: 450 г јагоди, 160 г шеќер, 150 г брашно и 3 јајца
Постапка: Јајцата не мора да ги делите на белки и жолчки, туку пенасто изматете ги со 160 г шеќер. Миксајте околу 2 минути додека да добиете убав мазен крем. Во кремот од јајца полека со лажица додадете просеано брашно (150 г) и убаво промешајте за да се изедначи.
На крај додадете 450 г свежи јагоди исечкани на ситни парчиња. Колку поситно ги исечете, толку колачот ќе ви биде поубав, а јас можеби оставив и преголеми парчиња. Смесата излејте ја во намастен калап за торти (со путер) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.
Првите 5 минути печете на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 175 степени и печете го уште половина час или додека колачот да биде готов (најдобро е да проверите со чепкалка, ако таа излезе сува кога ќе го боцнете колачот во средната, значи дека добро се испекол).
Печениот колач извадете го малку да се излади, а потоа можете да го сечете, да го наросите со шеќер во прав или да го декорирате со шлаг, но и така ако го оставите е преубав. / Kuharica.kontin.info