Приготвувањето на колачот трае 15 минути и веќе после 1-2 часа можете да го послужете како колач или како торта. Од оваа количина ќе добиете торта од 20-тина парчиња.
Потребни состојки:
400 г кисела павлака 20% мм
200 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
200 г мелена плазма
100 г млечно чоколадо со јагоди или малини
300 г кекси петит со путер
100 мл сок од портокал за натопување на кексите
100 г малини или овошје по желба
100 г шлаг крем
Постапка:
Киселата павлака со 20% млечни масти изматете ја и соединете ја со шеќерот во прав. Додајте една кесичка ванилин шеќер и промешајте.
Во смесата додајте и 200 г мелена плазма па убаво соединете. Чоколадото со малини или јагоди исечкајте колку можете поситно, па додајте го во смесата и промешајте.
Кексите натопувајте ги во сокот од портокал и редете ги како основа во плех со димезнии 28х18 см. Врз редот бисквити нанесете половина од филот, израмнете, а врз филот рамномерно распоредете приближно 100 г сечкани малини.
Одозгора наредете втор ред бисквити, претходно кратко натопувани во сок од портокал. Одозгора нанесете ја втората половина од филот, израмнете, па рамномерно распоредете сечкани малини.
Наредете го и третиот ред бисквити, кратко натопувани во сок од портокал. Сто грама шлаг изматете го според кесичката и премачкајте го колачот. Декорацијата завршете ја со мелени бисквити, ореви, чоколадо или по желба.
Изладете го колачот во фрижидер 1-2 часа пред да го сечете. Деталите околу приготвувањето можете да ги погледнете во видеото: