КОЛАЧ БЕЗ ШЕЌЕР И ЛАКТОЗА…Многу здрав и вкусен, одличен за цревата и имунитетот…САМО 5 СОСТОЈКИ…Не пропуштајте го да го направите овој есенски колач со јаболка. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 г овесни снегулки
130 г урми
80 г ореви
700 г јаболка (420 г излупени И ИСЧИСТЕНИ)
60 г црно чоколадо мин 70% какао
ПОСТАПКА:
Во блендер сомелете овес, ореви и урми. Јаболката излупете ги ситно исечкјате ги. Во калап за торти малку намастен распоредете една третина од сувата смесата (120 г) и притиснете со дланка.
Одозгора распоредете 140 г јаболка и израмнете. Продолжете наизменично да редите сува смеса и јаболка. Завршете со јаболка. Печете 50 минути во загреана рерна на 180 степени.
Врз печениот колач сипете растопено чоколадо. Оставете да се олади па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.