Ако имате дома 4 банани, не пропуштајте да го направите овој многу вкусен и интересен колач, без печење. Сите што го пробаа беа воодушевени, па пробајте го вие, нема да се покаете.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г пишкоти, 300 мл млеко, 400 г омекнат путер, 200 г шеќер во прав, 200 г мелени кекси, 100 мл растопен путер, 120 г прашок за пудинг со вкус на ванила, 150 г шеќер, 800 мл млеко




ПОСТАПКА: врз соодветна подлога, послужавник или плех со правоаголен облик, наредете вкуспно 21 пишкоти (7х3) кое претходно кратко ќе ги потопите во малку млеко. Редете ги густо една до друга пишкота (пишкоти се вид на дебели кекси, долгнавести а тенки).




Во подлабок сад ставете 200 г мелени кекси (плазма или други бисквити по ваш избор), па во нив додајте 100 г растопен путер (путерот можете да го растопите во микробранова печка или на тивок оган).




На страна во посебен сад исечкајте 400 г путер и оставете го да омекне на собна температура. Потоа во него додајте 200 г шеќер во прав, па со помош на миксер пенасто изматете го.




Изматениот путер поделете го на две половини, па една половина започнете постепено да ја додавате во изладената мешавина од кекси и растопен путер. Матете постојано со миксерот додека лажица по лажица го додавате путерот во кексите.




Добиената смеса рамномерно распоредете ја врз пишкотите, па израмнете ја одозгора и од страните.




Одозгора наредете 21 чоколадни бананчиња (7х3), па целиот колач оставете го фрижидер да се олади и стегне околу половина час.




Во тенџере ставете 120 г прашок за пудинг со вкус на ванила и додајте 150 г шеќер. Постепено започнете да го додавате и млекото (вкуспно 800 мл) непрекинато матејќи со жица-маталка за да не се создадат грутчиња.




Загревајте на умерена температура и мешајте непрекинато додека кремот да се згусне (исто како што вообилаено го варите пудингот). Добиениот крем оставете го да се олади на собна температура со повремено промешување за да не се создаде коричка (или покријте го со проѕирна фолија).




Изладениот крем изматете го со миксер за да стане пенаст, па во него додајте ја втортата половина од претходно изматениот путер со шечер во прав. Кога ќе добиете нежен крем, поделете го на половина, па едната половина рамномерно распоредете ја врз колачот и израмнете.

Одозгора наредете нов слој пишкоти (7х3). Врз пишкотите рамнимерно распоредете ја втората половина од кремот и израмнете. Четири банани излупете ги, па исечете ги на половина хоризонтално и вертикално (како на фотографијата) па наредете ги врз колачот (5х3).

Одозгора декорирајте со изматен шлаг. Израмнете и одозгора наросете чоколадни трошки. Колачот вратете го во фрижидер да се олади и стегне уште најмалку еден час. Потоа можете да го сечете и послужите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.