Сите ги обожаваат тортите и колачите кои се подготвуваат со бисквити поради тоа што се највкусни. Имаат кремаст вкус, а кога бисквитите ќе омекнат во кремот кој може да биде со чоколадо или ванила, се добива фантазија од вкус. Мене омилен колач ми е овој, кој се подготвува од кршени бисквити. Рецептот го имам уште одамна, од мојата баба, а таа го има напишано во еден од тефтерите со рецепти кои ми ги подари.
![]()
![]()
![]()
![]()
Името на колачот не можам да го прочитам затоа што тефтерот е многу стар и листот е малку оштетен, но за среќа рецептот убаво се чита. Овој колач не се пече и не се користи брашно и јајца за да се направи. Потребни ви се само неколку состојки кои треба да ги измешате и колачот е готов. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 470 г бели петит бисквити, 100 г сечкани ореви, 250 мл млеко, 120 г шеќер, 5 лажици чоколадо во прав (или какао), 120 г путер. ЗА ГЛАЗУРАТА: 150 г темно чоколадо.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г турски чоколадни бисквити, 2 пудинзи од ванила, 2 пудинзи од чоколадо, 1 литар млеко и шеќер по вкус или според упатството на кесичките од пудинзите.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во еден подлабок сад искршете ги бисквитите на помали парчиња. Оревите исечкајте ги на средни парчиња, па додајте ги во скршените бисквити. Млекото и шеќерот ставете да зовријат во тенџере на рингла, со повремено мешање. Кога шеќерот ќе се растопи, а млекото ќе се загрее додајте го чоколадото во прав или какаото и измешајте.

![]()
![]()
![]()
![]()

Тргнете го тенџерето од рингла, па додајте го путерот и енергично измешајте додека да се растопи. Смесата прелијте ја врз бисквитите и оревите и соединете со шпатула, додека бисквитите да почнат да омекнуваат и да се формира смеса со конзистентност како кал. Вака подготвената смеса излејте ја во калап, обложен со пластична фолија со димензии 10х30 см.





Измазнете ја смесата, покријте со фолијата одозгора и ставете го колачот во фрижидер да се стегне околу 1 час. По изминатото време, превртете го на рамна чинија и растопете го чоколадото за глазура, па прелијте преку колачот. Кога чоколадото малку ќе се стегне, декорирајте на средина од колачот со сечкани јатки.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Еден потесен плех обложете го фолија. Сварете ги пудинзите посебно според упатството (по 2 пудинзи за половина литар млеко). На секој бисквит мачкајте прво пудинг од ванила, па редете покрај ѕидот на плехот по должина.
![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа, преку него редете бисквити намачкани со пудинг од чоколадо и сè така по ред додека да се исполни калапот. Можете да ги редите и по сопствена избор и идеја. Оставете го во фрижидер добро да излади, па потоа превртете го на долгнавеста чинија за сервирање.
![]()
![]()
![]()
![]()
Глазура ставете по желба (може чоколадна или да ставите шлаг). Јас се одлучив за шлаг. Сечете го колачот добро изладен. Има одличен кремаст, чоколаден вкус. Напомена: Доколку користите „турски“ бисквити нема потреба од нивно претходно натопување во течност (чај, млеко) бидејќи овие бисквити се многу меки и веднаш ќе ја впијат влажноста од пудингот. / Coolinarika.com. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.































