Ова е толку лесен колач кој ќе ве освои после првиот залак. Кога го направив првпат, на сите многу им се допадна и се изеде уште истиот ден, па оттогаш редовно го приготвувам. Не мора да се чува во фрижидер.
За да го приготвите овој колач не ви е потребна никаква посебна вештина, а ќе се уверите дека на сите ќе им се допадне. За првиот рецепт не ви се потребни јајца, а се мери со обична чаша, не ви е ниту потребна дозерка. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт за црн колач со јајца, кој со сигурност ќе ви се допадне:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3 чаши кисело млеко, кефир или течен јогурт, 3 чаши шеќер (јас ставив малку помалку), 1 чаша масло, 3 чаши брашно, 4 лажички какао, 1 лажичка сода бикарбона. За филување: 1 лажичка масло, 4 лажички млеко, 70 г путер, 50 г чоколадо, 3 кесички ванилин шеќер. Како мерка се користи шолја од 200 мл.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ – СО ЈАЈЦА): 4 јајца, 1 шолја сечкани ореви по желба, 1 чаша рендани јаболка, 1 шолја гриз, 1 прашок за печиво, 1 чаша гранулиран шеќер, 1,5 лажици какао, 50 мл млеко, 100 мл масло. За глазура: 2-3 лажици млеко, 150 г чоколадо за готвење.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Измешајте ги сите состојки за бисквитот. Во еден сад сипете го киселото млеко или кефирот, а можете колачот да го подготвувате и со течен јогурт. Додајте 1 чаша масло, промешајте, па започнете да ги додавате сувите состојки.
Ставете 3 чаши шеќер или помалку и добро измешајте додека шеќерот да почне да се растопува. Додајте го брашното постепено, за да не се формираат грутки, а потоа ставете 1 лажичка сода бикарбона и 4 лажички какао. Измешајте ја смесата додека да стане еднолична и да има убава и мазна текстура.
Вака подготвената смеса излејте ја во обичен плех за печење или малку помал. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени, па печете го колачот приближно 30-тина минути. По печењето, колачот се проверува со чепкалка.
Додека колачот се пече, подгответе ги состојките за преливот. Во тенџере растопете го чоколадото, путерот, шеќерот, ванилиниот шеќер, млекото и маслото. Соединете ги сите состојки со шпатула, додека да добие еднолична глазура. Глазурата не треба да зоврие, доволно е само да се загрее.
Топлиот колач избоцкајте го со виљушка или некое стапче и прелијте го со преливот. Оставете го колачот на собна температура за преливот да навлезе во внатрешноста, па после неколку часа послужете го со шолја кафе. Следи постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Не е важно што е стар рецепт, навистина е убав и сочен овој чоколаден колач. Изматете ги јајцата и шеќерот пенасто и додајте сѐ останато по ред, додека непрекинато мешате. Додајте го гризот, оревите, ренданите јаболка, прашокот за печиво, какаото, млекото и маслото.
Измешајте сѐ во еднолична и течна смеса, без грутчиња, па печете го колачот во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 30-тина минути. За глазурата растопете го чоколадото со млекото и премачкајте преку врелиот бисквит.
Одозгора наросете со ситно сечкани или со мелени ореви. Колачот треба добро да се олади пред послужување. / Сoolinarka.сom