Традиционален француски колач кој го пробав пред 2 години во една слаткарница, а сега и јас го имам рецептот и можам да си го направам кога сакам. Сочен, вкусен, децата го обожаваат, а сопругот најмногу.
Потребни состојки: 150 г рендан кокос, 50 г пченкарен скроб, 3 јајца, 300 мл млеко, 200 мл неутрална павлака, 1 конзерва засладено кондензирано млеко, односно 400 г. За глазурата: 80 г темно чоколадо, 100 г нутела или некој друг крем.
Постапка: Малку по малку измешајте ги пченкарниот скроб и млекото. Потоа додајте го кондензирано млеко, јајцата, кокосот и павлаката. Добро измешајте и соединете ја целата течност во еднолична смеса.
Истурете ја смесата во калап (мојот е квадратен од 20 см) по можност во силикон или покриен со хартија за печење. Печете ја тортата во бен-мари (во калап се става смесата, а потоа тој калап се става во друг поголем наполнет со 3/4 вода). Покријте го колачот со алуминиумска фолија и печете помеѓу 1 час до 1 час и 20 минути.
Извадете го од рерна и оставете го колачот целосно да се олади пред да го од калапите. Растопете го чоколадото, па додајте ја Нутелата во него. Намачкајте го преливот врз ладниот колач. Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер, послужете ја изладена.
Втора варијанта само чоколадна одвнатре: рецепт кој на сите им успева од првпат. Едноставен колач а толку вкусен, мора да го пробате. Колачот е старински и уште одамна го приготвуваа нашите мајки и баби. Потребни состојки: 550 мл јогурт, 100 мл масло, 250 г шеќер, 2 лажици какао, 300 г брашно, 2 лажички сода бикарбона.
За глазура: 180 г путер, 120 мл млеко, 120 г шеќер и 120 г чоколадо за готвење. Постапка: Во еден сад ставете 550 мл јогурт на собна температура. Додајте 100 мл масло и 250 г шеќер. Во смесата додајте 2 лажици какао во прав и 300 г брашно.
На крај ставете и 2 лажички сода бикарбона, па промешајте со жица за матење додека да добиете мазна полутечна смеса, без грутчиња. Добиената смеса излејте ја во плех со средна величина или тркалезен калап за торти, претходно намастен со малку путер или масло.
Израмнете и ставете да пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час. Печениот колач оставете го да излади, а за тоа време пригответе ја глазурата: во еден сад ставете 180 г путер и растопете го на тивок оган. Додајте 120 мл млеко, 120 г шеќер и 120 г чоколадо за готвење.
Промешајте убаво додека сите состојки да се растопат и изедначат, па прелијте ја глазурата преку изладениот колач. Оставете да се стегне, па сечете го на коцки. Одозгора може да декорирате со рендано чоколадо.