Овој напиток веднаш привлекува внимание со одличната комбинација од намирници кои ги содржи.

Според Ајурведа, слаткото овошје одлично се комбинира со темнолистестиот зеленчук, а оваа комбинација делува како стимулатор за подобро функционирање на дигестивниот систем.

Си пиење на овој коктел наутро на гладен стомак, значително ќе го забрзате вашиот метаболизам. Ефектот трае цел ден.

Коктелите за слабеење во домашни услови се приготвуваат доста лесно – важно е да имате блендер.

Овој напиток добил популарност благодарение на необично богатиот вкус. Топло ви го препорачуваме да го пробате.

Потребни состојки:

– 300 г спанаќ

– 1 банана

– 1 јаболко

– 1 круша

– ½ чаша вода

Постапка:

Измешајте се’ во блендер.

По желба, во коктелот можете да додадете прстофат цимет или ѓумбир во праб, со што ќе се зголеми неговото дејство и ќе се нагласи неговиот свеж, пикантен вкус.

Масните наслаги на стомакот и бутовите се често резултат на неправилно варење и лош метаболизам. Домашниот коктел за согорување на мастите ќе ја поправи состојбата.

Овој коктел е погоден за експрес слабеење, бидејќи само после една седмица од консумирањето на напитокот, ќе станете повитки, а вашиот дигестивен тракт ќе започне да работи како часовник.