Кога го испробав рецептот на Маја и ја направив „кокос тортата“ за која сите зборуваа, бев искрено воодушевена и ми стана јасно зошто е толку попyларна. Има текстура и вкус кој е неспоредлив со ниедна друга торта која сум ја направила досега. На домашните многу им се допадна токму оваа комбинација од филови, па не би менувала ништо во рецептот.
![]()
![]()
![]()
![]()
За да ја направите оваа торта, потребни ви се само неколку состојки и малку време. Приближно за целата подготовка од почеток до крај ќе ви бидат потребни час и половина време, а откако ќе отстои во фрижидер станува уште повкусна. Кај мене дечињата беа многу нестрпливи и веднаш посегнаа по едно парче за да ја пробаат, уште пред да се излади. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 150 г шеќер, 100 г маргарин, 2 жолчки, 1 шолја какао, 1/2 прашок за печиво, малку кисела павлака или млеко. ЗА ПРВИОТ ФИЛ: 6 белки, 150 г шеќер, 150 г кокос. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: 4 жолчки, 2 пудинзи од ванила, 600 мл млеко, 150 г маргарин, 100 г шеќер во прав.
![]()
![]()
![]()
![]()
И за глазура ќе ви биде потребно: 150 г чоколадо за готвење и кокос, рендано чоколадо, какао. ПОСТАПКА: Во сад се става брашното, се прави вдлабнатина на средина и се додава сечканиот маргарин, жолчките, прашокот за печиво, шеќерот и малку од павлаката (околу половина шолја) или млеко.
![]()
![]()
![]()
![]()
Се мешаат сите состојки и се замесува мазно тесто. Веднаш се поделува на два еднакви делови и на набрашнетата површина развлечете ја кората според димензиите на плехот (во мојот случај 25×37 см) Тавата премачкајте ја со масло и наросете брашно, па внатре ставете го првото тесто.

![]()
![]()
![]()
![]()
За првиот фил: Белките се матат убаво и постепено се додава шеќерот додека да се добие тврд снег. Се додава една по една лажица кокос и убаво се меша да се изедначи масата. Смесата се излева врз првото тесто во плехот и со лажица се израмнува убаво.




Втората кора развлечете ја на набрашнета површина и внимателно ставете ја врз белките и печете во загреана рерна на 180 C, околу 20 минути. За вториот фил: Изматете ги жолчките додека станат пенасти, додајте ја смесата за пудинг и 100 мл млеко и сето убаво измешајте.
![]()
![]()
![]()
![]()
Останатото млеко сварете го и кога млекото ќе зоврие додајте ги пудингот и жолчките и сварете го густиот крем на средна температура. Кога пудингот ќе се свари, тргнете го од оган и оставете го да се излади. Омекнатиот маргаринот (на собна температура) и шеќерот во прав се матат настрана и се додава изладениот пудинг, па се соединува.
![]()
![]()
![]()
![]()
На изладеното тесто ставете го жолтиот фил и оставете го во фрижидер да се излади околу половина час. Декорирајте ја тортата со растопено чоколадо или само кокос и исечете го на коцки или квадари по желба. Вториот рецепт се приготвува побрзо, бидејќи нема печење:
![]()
![]()
![]()
![]()
Втор рецепт (без печење). ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити, 200 г темно, квалитетно чоколадо, мелено или ситно рендано, 100 мл млеко. ЗА ФИЛ: 500 мл млеко, 80 г пченичен гриз, 100 г шеќер, 200 г кокос. ГЛАЗУРА: 100 мл слатка павлака, 100 г црно чоколадо, 40 г путер.
ПОСТАПКА: Се мешаат мелените бисквити и меленото чоколадо, па се прелеваат со млеко. Се меша, а добиената смеса за кора се натапкува во тепсија 30х22 см обложена со хартија за печиња. Се израмнува да биде рамномерно.
Половина литар млеко со 100 г шеќер и 70 г пченичен гриз се мешаат со жица за матење, па се ставаат на оган и се готви со постојано мешање додека да згусне. Во врелиот гриз се додава кокосот, се меша и се нанесува рамномерно врз кората.
Се става во фрижидер или замрзнувач да излади. Слатката павлака се загрева со чоколадото искршено на коцки и се меша додека тоа да се стопи (не смее да зоврие), па потоа се додава 40 г путер и се прелива како глазура. / Сооlinarika.сom





































