Ако сте љубител на лесни десерти кои не се премногу слатки, а имаат нежна структура и се топат во уста, тогаш сигурно ќе го обожавате овој кокос колач. Состојките се евтини и сигурно веќе ги имате во кујна, па не пропуштајте го и пригответе го. Во продолжение ќе ви претставиме уште еден рецепт со слични состојки, но со различен распоред и поголема количина. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




рецепт 1

РЕЦЕПТ 1 (мала мера) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 белки, 4 супени лажици шеќер, 1 супена лажица брашно, 70 г кокос. ЗА КРЕМ: 2 жолчки, 50 г густин/скроб/нишесте (може и брашно), 6 супени лажици шеќер или по вкус, 400 мл млеко, 125 г маргарин/путер, 50 г шеќер во прав, 50 г чоколадо за готвење. И уште: 12 петит бисквити, 1 кесичка шлаг

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 12 белки, 12 супени лажици шеќер, 2 супени лажици брашно, 200 г кокосово брашно. ЗА ФИЛ: 12 жолчки, 180 г шеќер, 180 г чоколадо, 250 г путер или маргарин. И уште: 100 г шлаг, 200 мл млеко




ПОСТАПКА за рецепт 1: пенасто изматете ги белките со миксер, а потоа постепено додајте го шеќерот и матете доволно долго, додека да добиете цврст и сјаен снег кој не паѓа кога ќе го превртите од садот. Додајте го брашното и кокосот, но овојпат мешајте бавно со лажица превртувајќи ја смесата.

рецепт 1




На тој начин таа нема да спласне, па и натаму ќе остане воздушеста и пенлива. Од оваа смеса испечете две кори во тесен и долгнавест калап (или каков имате, некој помал), а ако немате таков, печете ги врз хартија која ќе ја ставите врз обратната страна на некој плех или калап за леб и ролати, на пример.

Корите се печат 15-20 минути во загреана рерна на 170-180 степени. Печените кори се меки, но и ронливи, па внимавајте кога ќе ги вадите да не ви се скршат.




За крем: жолчките изматете ги заедно со брашно/густин, шеќер и 100 мл млеко во хомохена смеса без грутчиња. Остатокот од млекото (300 мл) ставете го во тенџере на оган да се вари. Штом зоврие намалете ја температурата и додајте ја мешавината од жолчки, па варете со непрекинато мешање додека да згусне.




Тргнете од оган и од кремот одвојте половина во која ќе ставите 50 г чоколадо. Мешајте брзо за да се растопи и изедначи додека кремот е сè уште врел. Оставете настрана целосно да се олади до собна температура, а за тоа време исечкајте го путерот и оставете го да омекне на истата таа, собна температура.




Пенасто изматете го путерот со шеќерот во прав, па половина додајте во жолтиот крем и изматете со миксер до изедначување, а половина во кафеавиот и повторно изматете. Во калапот во кој ги печевте корите (или на десертна тацна) ставете ја првата кора, па еден од кремовите.

рецепт 1




Како трет слој наредете 12 петит кекси (или колку што е потребно) поретходно кратко натопени во ладно млеко. Преку лелсите распоредете го вториот крем, па поклопете со втортата кора. Оставете во фрижидер да се стегне два часа, па премачкјате со изматен шлаг според упатството на кесичката. Ова беше рецептот на Александра, а следи постапката за вториот рецепт на Вукосава:




ПОСТАПКА за рецепт 2: изматете 6 белки со 6 лажици шеќер, па кога ќе добиете цврст снег додајте 1 лажица брашно и 100 г кокосово брашно. Бавно мешајте со лажица и распоредете ја смесата во плех обложен со хартија за печење (30х20 см), 20-тина минути во загреана рерна на 180 степени. На ист начин направете уште една кора. Кога ќе се оладат пресечете ги надолжно, да добиете 4 кори, секоја 30х10 см.




Жолчките добро изматете ги со шеќерот, па сварете ги на пареа 20-тина минути со непрекинато мешање. Пред крај од варењето, кога лажицата ќе почне да остава траг на дното од тенџерето, додајте го чоколадото искршено на коцки, па мешајте додека да се растопи и изедначи. Оставете настрана додека целосно да се олади.




Путерот (или маргаринот) претходно омекнат на собна температура пенасто изматете го па во него започнете постепено да го додавате оладениот крем, лажица по лажица. Путерот и кремот мора да бидат на иста собна температура за убаво да се соединат.

На тацна ставете кора, премачкјате ја со четвртина од филот, па повторно кора и сè така додека да се потроши материјалот. Изматете го шлагот со ладно млеко, па декорирајте ја тортата. оставете во фрижидер да се олади и стегне. Рецепт на Вукосава.