Ако ги сакате брзите рецепти кои освен што се практични, со нив се приготвуваат и многу вкусни десерти, тогаш запишете си го овој рецепт. Ќе извалкате само еден сад, а состојките кои веројатно веќе ги имате дома и не мора специјално да излегувате во набавки, се мерат со една иста чаша. Со сигурност редовно ќе го правите овој колач за секој ден. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл): 4 јајца со средна големина, 1 чаша шеќер, 1 чаша растително масло, 1 чаша кисела павлака или цврст јогурт, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1/2 мала лажичка кардамом во прав )по желба), 2 чаши гриз, 1 чаша кокосово брашно. За сируп: 3/4 чаша шеќер, 1 чаша вода, 1 супена лажица ружина водичка (по желба), сок од 1/2 лимон




РЕЦЕПТ 2 (без гриз, само со кокос) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г кокос, 200 мл вода, 6 јајца, 150 г шеќер, 250 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво. За прелив: 100 г бело или црно чоколадо. За наросување одозгора малку кокос, 300 мл млеко. За приготвување на колачот се користи плех со димензии од приближно 33х25 см, а се пече на 180 степени околу 35 минути.




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во подлабок сад скршете ги јајцата претходно отстојани на собна температура, додајте го шеќерот и пенасто изматете ги со миксер сè додека да згусне смесата. Додајте го маслото во тенок млаз и матете додека да се апсорбира, уште една-две минути.




Потоа додајте ја киселата павлака (цврстиот јогурт), прашокот за печиво, малку кардамом во прав за арома (по вкус) и продолжете со матење додека да се изедначи. Најпосле во смесата додајте го кризот и кокосот, па изматете прво со поспора брзина додека да добиете хомогена, густа, полутелна смеса.




Калап со средна големина намастете ги и на дното обложете го со хартија за печење, па излејте ја приготвената смеса, рамномерно распоредете и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 45 минути, но најдобро да проверите со чепкалка.




За тоа време пригответе го сирупот: Во тенџере ставете ги сите наведени состојки и мешајте 5 минути додека се загрева на умерена температура за да се раствори шеќерот. Потоа, од моментот на зовривање не го мешајте сирупот и варете го во следните 4-5 минути.




Печениот колач оставете го малку да се олади на решетка, па исечете го на коцки и залијте го со млак/топол сируп (да не е премногу врел), па оставете 10-тина минути да се впие. Декорирајте со мелен фстак или кокос и послужете добро изладено. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Постапката за вториот рецепт прочитајте ја ОВДЕ.