Многу едноставна подготвка за многу вкусен и сочен колач. За многу кратко време се приготвува, а претставува одлична слатка за сите љубители на кокосот и сочните колачи.
Потребни состојки: чаша од 200 мл за мерење на состојките; 2 чаши јогурт, 1 чаша шеќер, 1 чаша кокосово брашно, 1 чаша пченичен гриз и 1 кесичка прашок за печиво
За прелив на печената кора: 300 мл вода, 4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер. За фил: 1 литар млеко, 3 пудинзи со вкус на ванила, шеќер секој си става по вкус. За декорација шлаг или изматена слатка павлака
Постапка: најпрво сварете го преливот, во еден сад ставете вода со шеќер на оган, да се растопи шеќерот, па оставете го на страна да се олади.
Кора: сите состојки по ред изматете ги со обична маталка или лажица, да се соединат, па смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех 21х30 см и ставете да се пече во претходно загреана рерна, на 180 степени, околу 20 минути.
Додека се пече кората, сварете го пудингот во млеко според упатството на кесичката, ставете шеќер по вкус (одвојте малку од млекото за да го разматите прашокот од пудингот, убаво да нема грутчиња, па додајте го со постојано мешање во останатото млеко кога ќе зоврие. Мешајте додека да згусне).
Топлата кора веднаш по вадењето од рерна, прелијте ја со изладениот прелив, почекајте неколку минути да впие, па одозгора рамнимерно распоредете го топлиот пудинг врз кората.
Израмнете ја површината. Кој сака одозгора може едноставно само да нароси кокосово брашно или чоколадна глазура. А кој сака може да го украси како мене: Кога колачот ќе излади изматете шлаг или слатка павлака и премачкајте одозгора.
Овој колач се прави за половина час, многу е вкусен и практичен, бидејќи секогаш можете да ги менувате пудинзите по желба и секојпат да добиете колач со нов вкус. / Сoolinarika.com Пробајте го и следниот колач кој е уште поедноставен од првиот:
Готов е само за неколку минути: Сочен колач со кокос без јајца! Само мешате и ставате на печење. Многу вкусен а едноставен колач.
Потребни состојки (Мерата е чаша од 200 мл): 1 чаша јогурт, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша кокос, 1 ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 2 чаши брашно, 1 прашок за печиво. За глазура: 100 г чоколадо, 3 лажици масло
Постапка: По истиот редослед како што се дадени, ставајте ги во подлабок сад и мешајте со лажица или шпатула. Мешајте додека смесата да се изедначи и да се спојат состојките.
Добиената смеса излејте ја во помал, намастен и набрашнет плех со димензии 20х17 см. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-тина минути. Проверете со чепкалка дали е печен.
На пареа или на тивок оган растопете го чоколадото со малку масло, па прелијте го преку колачот. Оставете да излади и глазурата да се стегне, па можете да го сечете колачот и да го послужете.