Потребни состојки:
100 г кокос
200 г брашно
50 г шеќер
125 г путер
1 јајце
½ прашок за печиво
За валкање: шеќер во прав
Постапка:
Во брашното додадете кокосово брашно, путер исечкан на ливчиња, јајце, шеќер и прашок за печиво.
Направете мазно тесто и од него правете кифлички. Редете ги на плах обложен со хартија.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Внимавајте, мора да останат светли.
Топлите кифлички валкајте ги во шеќер во прав.
Колку повеќе стојат, толку се повкусни и поубави. Чувајте ги во лимена или друга кутија за колачи.
Од оваа количина добивате 30 парчиња.