КОКОС БАЈКА…Колач што мора да се проба…Совршена комбинација од чоколадо и кокос…Се топи во уста…Еве што ви е потребно и постапка чекор по чекор:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Тесто:
4 белки
200 г шеќер
1 лажица брашно
1 лажичка прашок за печиво
200 г кокосово брашно

Подготовка: пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе се преврти.

Постепено додајте просеано брашно со прашок за печиво и кокосово брашно и измешајте со жица за матење. Обложете со хартија за печење калап со димензии 20 x 27 cm. Распоредете ја смесата и печете во загреана рерна на 180 °C околу 20 минути.

Среден слој:
200 г чоколадо за готвење
6 лажици масло

Подготовка: на пареа растопете ја сечканата чоколада со масло, па прелијте ја со изладениот бисквит. Ставете го во фрижидер да се стегне чоколадото.

Крем:
4 жолчки
3 лажици скроб/нишесте/густин
250 мл млеко
6 супени лажици шеќер
2 ванилин шеќер
100 г чоколадо за готвење
250 мл слатка павлака за шлаг

Подготовка: во 100 мл млеко измешајте скроб и жолчки, а во остатокот од млекото сипете го шеќерот со ванилата и доведете до вриење. намалете ја температурата, сипете ги разматените жолчки и варете со непрекинато мешање додека да згусне.

Потоа тргнете го тенџерето од оган и додајте сечкана чоколада. Мешајте додека да се растопи чоколадото и оставете да се излади, повремено мешајќи за да не се создаде коричка.

Изматете го цврсто шлагот и додајте го во изладениот крем. Изматете кратко за да се изедначи кремот. Прелијте го кремот врз чоколадниот слој.

Декорација:
100 г рендано чоколадо. Подготовка: Изладете и посипете со рендано чоколадо. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/JLakH7zHYNM?si=Ysi5cF4SMuw2AObh