Крвните групи и нивното влијание врз човековиот организам, особено исхраната се многу истражувани.
Особено внимание и значителен дел од својата кариера, во испитувањето на поврзаноста на крвните групи со различни заболувања и особено со исхраната има посветено познатиот Американски доктор Питер Д’Адамо, кој оформи и свој институт за крвни групи.
Позната и мегапопуларна е неговата книга “Исхрана според крвни групи“, но сепак, до денешен ден, нема цврсти и потврдени научни докази за поврзаноста на крвните групи со исхраната.
Крвна група А
Неодамна беше објавено дека лицата со крвна група А имаат поголема склоност кон опсесивно-компулсивни пореметувања.
Иако не е јасна поврзаноста помеѓу таквото однесување и крвната група, јапонските истражувачи докажаа дека лицата сооваакрвна група се најупорни, односно, се подготвени да превземат се’ што е потребно, без разлика на личната фрустрација или замор, за да решат некој проблем.
За нив се специфични: интелигенцијата, ненаметливоста и лојалноста.
Од кои болести можат да заболат носителите на крвнат група А:
Луѓето со тип А се со до 40 проценти поголеми шанси да развијат рак на желудник, според една кинеската студија.
Една студија во Србија, Југославија во споредба на 100 случаи на рак на панкреасот, пациенти во болницата кои си одговараат со возраста, полот и местото на живеење, имаше зголемена преваленција на крвна група А во рак на панкреасот група.
Во статија од 1998 година се вели дека зголемување на стапките на тумори на горниот уринарен тракт биле пронајдени кај оние со крвна група А
Крвната група А е ризична да биде фактор за епителните ракови на јајниците.
Исто така ракот на јајниците кај заболените со крвна група А е со лоча прогноза.