Иако храната е составен дел од нашиот живот и претставува основна суштинска потреба, таа исто така може да биде и луксуз. Некои намирници се толку многу скапи, што речиси е незамисливо дека всушност станува збор за храна.
Прочитајте кои намирници се најскапи и дознајте зошто имаат толку висока цена.
Кавијар од белуга
Кавијарот од белуга е официјално најскапата намирница на светот. Една конзерва чини околу 38 000 американски долари. Овој кавијар се состои од икри на белуга наречена Хусо-Хусо, која може да се најде само во Касписко море. На овој вид риба и се потребни дури 20 години за да достигне зрелост, а нејзината икра е најскапата од сите икри кои се користат за кавијар. Икрата обично има црна боја.
И начинот на сервирање на овој кавијар е луксузен. Се послужува врз парчиња двопек со специјални лажички произведени од одбрани видови на метал, со цел да се одбегне опасноста од влијанието на металната лажичка врз вкусот. За изработка на приборот за јадење на кавијарот од белуга, најчесто се користат бисери или коски.
Копи лувак
Ова е најскапото кафе на светот, од кое еден килограм чини преку 1000 долари. Потекнува од Суматра, а името го добиело според цицачите „лувак“. Овие животинки живеат на дрвата со кафе и ги јадат зрелите плодови, а потоа од нивниот измет во кој семките поминале извесна фаза од дигестијата, се чистат и процесуираат, па се прави ова луксузно кафе.
Тие ги голтаат целите плодови, кои при поминувањето низ дигестивниот тракт, претрпуваат одредени хемиски процеси и ферментација.
Во стомакот на лувак животните, желудочните сокови ги отстрануваат острите рабови и дел од кофеинот и протеините, кои му даваат горчлив вкус на кафето, по што во изметот исфрлаат зеленкасти зрна кафе. Откако добро ќе се исчистат и исушат на сонце, зрната се пржат како и секое друго кафе. Оние што го пробале велат дека има вкус на чоколадо и карамела.
Шафран
За време на средниот век шафранот често се користел како зачин во благородните куќи – кога во некоја куќа јадењата се зачинувале со шафран, било јасно дека станува збор за имотно семејство. Оттогаш па до денес, нема значителни промени, кога станува збор за овој зачин. Шафранот и денес претставува привилегија и го користат оние со малку подлабок џеб.
Најскапиот зачин на светот своето име го добил од персискиот збор „za’faran“, што значи „биди жолт“. За еден килограм од овој зачин потребно е да издвоите 1000 евра, па дури и повеќе.
Една од причите зошто овој зачин е толку скап е е неговото снабдување. За само еден килограм од зачинот шафран потребно е да се наберат помеѓу 110 и 170 илјади цветови шафран. Но, тоа не е единствената потешкотија. Шафранот може да се бере само еднаш годишно, за време на цветањето, во период од 2 седмици. Најголемите произведувачи се Шпанија и Иран, кои покриваат преку 80% од светското производство, додека помали количини од овој зачин се произведуваат во Турција и Индија.
Црни тартуф печурки
Кралската печурка, како што се нарекува тартуфот, е многу ретка, па тоа е една од причините зошто се продава по 5000 евра по килограм. Мислењата се поделени за тоа дали тартуфот спаѓа во храна или зачин.
Оваа печурка има многу карактеристичен мирис и важи за многу силен афродизијак. Тоа неодамна го докажаа и италијанските научници, кои потврдија дека тартуфот содржи феромони, хемиски соединенија кои се наоѓаат во човековото тело, а кои ја поттикнуваат сексуалната активност.
Покрај исклучителниот вкус, тартуфот е познат и по своите лековити својства благодарение на дури 22 аминокиселини кои ги содржи.
Познат е и како „храна за мозокот“, бидејќи ги обновува сивите клетки и на тој начин ја подобрува способноста за учење, меморија, концентрација и ментална издржливост.