Потребни состојки:
5 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици гриз
1 литар млеко
2 кесички ванилин шеќер
ПОСТАПКА:
1.Одвојте ги белките од жолчките, па белките изматете ги во цврст снег. Додадете шеќер, па матете уште малку.
Додадете жолчки и гриз, па полека матете со миксер на најслаба брзина. Кој сака, може да додадете и малку рендана лимонова кора.
2.Плехот подмачкајте го и поросете го со гриз па излејте ја смесата и печете на 200 степени 20 минути. Кохот е печен кога ќе зарумени и започне да се одвојува од ивиците на плехот.
3.Додека се пече кохот, сварете го млекото со ванилин шеќер. Ако сакате кохот да биде посочен, користете 1 ½ литар млеко и додадете уште 3 лажици шеќер.
4.Печениот кох со лажица полевајте го со топло млеко (не го истурајте целото млеко одеднаш!). Послужете кога ќе излади и кога ќе се впие целото млеко.