Повеќето луѓе кога ќе слушнат „завивање“ на стомакот и „свирење“ на цревата, помислуваат дека се гладни и веднаш посегаат по храна. Меѓутоа овој знак на погрешен начин се толкува.
Што се случува кога слушаме „свирење“ од стомакот?
-Тоа нашиот желудник „се чисти“.
Завивањето на стомакот доаѓа во време кога чувствуваме глад, но тоа не е биолошки механизам кој не потсетува да јадеме.
–Еден час откако завршува варењето на храната, нашиот стомак поминува низ мускулни контракции со кои се врши чистење на остатоците од храната во нашите црева – вели Џулија Ендерс, авторка на „Водич за тело“.
Таа советува, бидејќи чистењето на цревата се врши во периодот помеѓу два оброци, растојанието меѓу двете јадења да биде пет часа.
Грицкањето во било кој момент го запира овој процес, тврди таа.
Џулија изнесува и еден интересен податок за желудникот, за кој тврди дека започнува веднаш под левата брадаваца а завршува на дното од градниот кош – што го прави генерално многу поголем отколку што мислиме.