Кога надворешните температури се менуваат, направете си некои од следниве лекови против настинка и грип. Дечињата најчесто се разболуваат во овој период кога тргнуваат на училиште, а наглите промени на временските температури се особено чести во овој период.
Покрај тоа, освен децата, и возрасните се разболуваат поради тоа што не се облекуваат соодветно (не знаат како ќе се промени времето), а ладните температури бараат поголема грижа за здравјето и имунитетот.
Универзален лек за настинки
Веднаш откако ќе ги забележите првите симптоми на настинка кај детето, нека пие трипати дневно млако млеко засладено со мед. Се разбира, ова не важи за бебиња помлади од една година, бидејќи ним не им се дава мед поради можноста за алергиска реакција.
Можете исто така да исцедите три лимони и да додадете неколку лажици мед од липа во лимоновиот сок за да направите лек сличен на сируп. Детето, исто така, треба да ја конcyмира оваа мешавина трипати на ден, по една лажичка.
Чај од кромид и мед
Вкусот на овој чај сигурно нема да му се допадне на детето, но неговата ефикасност во лекувањето на кашлицата е одлична, па вреди да се обидете да го убедите детето да го испие.
Сварете 2-3 поголеми главици кромид во половина литар вода, додајте половина јаболко и варете на тивок оган уште десет минути. Кога ќе се излади, засладете го чајот со лажичка мед. Овој чај детето треба да го пие двапати дневно: после појадок и после ручек.
Чајна мешавина против грип
Чајната мешавина се прави од нане, камилица и жалфија. Една лажица од оваа смеса е потребна за подготвување на една чаша чај. По готвењето, поклопете го тенџерето и оставете да отстои десет минути. Потоа процедете го чајот, засладете со лажица мед и дајте му на детето да пие трипати на ден од овој чај.
Чајна мешавина против кашлица и бронхитис
Чајната мешавина се прави од следниве билки: корен од бел слез, цвет од камилица, овошје од шипинка, лисја од подбел, анасон, цвет од багрем и мајчина душица. Сите овие состојки можете да ги набавите во било која подобро снабдена билна аптека.
Измешајте ги состојките, па ставете една лажица чај во 200 мл зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои најмалку 60 минути. Потоа процедете, засладете со мед и дајте му на детето да пие млак чај, една шолја трипати на ден.
Чај од бел слез за кашлица
Потопете две лажици корен од бел слез во половина литар вода и оставете го поклопено да отстои 30 минути. Потоа процедете, додајте две лажици мед и исцедете еден цел лимон во чајот. Дајте му на детето да пие два до трипати на ден, но не пред спиење.
Чај од малини против пневмонија
Во два литри вода, додајте две лажици суви или 100 г свежи малини и варете ги најмалку 15 минути. Потоа процедете и додајте една лажица мед. Детето може да го пие овој чај без пречки со пропишаната терапија со лекови, неколку пати во текот на денот. Чајот од малина предизвикува потење, што ќе има корисен ефект при настинки, грип, бронхитис и пневмонија.
Млеко од праз за кашлица
Ситно исечкајте го белиот и зелениот дел од празот и варете во 300 мл млеко. Кога ќе се излади процедете го млекото и оставете да се излади целосно. Потоа додајте две лажици мед во смесата и дајте му на детето по една лажица трипати на ден.
Сируп за зајакнување на имунитетот
Сируп од цвекло и лимон за зајакнување на имунитетот. Излупете и изрендајте неколку парчиња цвекло со средна големина, додајте лажичка шеќер и оставете да отстои половина час. Процедете ја смесата, додајте сок од еден лимон и 100 г мед. На детето му се дава една лажица од овој сируп трипати на ден, пред јадење.
Сируп од јаболко и мед за имунитет и подобрување на апетитот
Излупете големо јаболко и изрендајте го, па додајте сок од еден портокал и 4 лажици мед. Оваа мешавина е многу добра за зајакнување на имунитетот, како и за подобрување на апетитот кај децата.