Сите знаеме дека една е баклава, но ова е нејзини одлична брзинска замена. Кога сакате да пречекате гости или ако сакате брз колач ореви, а да се топи во уста, тогаш ова е вистинкиот рецепт за вас. Мерките се со чаша од 200 мл.
Потребни состојки: 4 јајца 1 чаша (од 200 мл) остро брашно, 2 чаши шеќер, 1 чаша гриз, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 2 чаши мелени ореви. За сируп: 600 мл вода и 2 чаши шеќер
Постапка:
Прво се приготвува сирупот за да има време да излади додека колачот се пече. Измешајте ја водата со шеќерот, па ставете на оган. Нека врие неколку минути, па тргнете од оган.
Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Изматете ги јајцата со шеќерот додека да побелат и згуснат.
Во друг сад измешајте ги сувите состојки, па додајте ги во матените јајца и промешајте со жица. Потоа додајте ги течните состојки и изедначете ја смесата да нема грутчиња.
Плех со величина 25х30 см или по ваш избор, намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја приготвената смеса. Потенка баклава се пече во голема тепсија, а подебела во помала тепсија.
Печената баклава полијте ја со изладен сируп и оставете да излади на собна температура, па потоа ставете ја во фрижидер. Потоа сечете на коцки, ромбови или триаголници и послужете.
Domacirecepti.net