Поплавите и земјотресите секогаш ги најавуваат змии, глувци, мравки, мачки, кучиња… Следете го нивното однесување!
Голем број очевидци сведочат како пред поплава се соочиле со чудното однесување на својата мачка, куче, коњ, кокошки… со мистериозна појава на змии и глувци.
Иако научно не е докажано дека животните можат да ги предвидат големите природни несреќи, бројни примери во светот укажуваат дека тие имаат шесто сетило со кое ги претчувствуваат земјотресите, поплавите, пожарите и другите непогоди кои нанесуваат катастрофални последици.
Луѓето кои го преживеале еден од најстрашните земјотреси во историјата, кој во 1976 година го погоди Тангшан блиску Пекинг и усмрти 240 000 илјади луѓе, мислат дека многумина би се спасиле доколку го следеле инстиктот на животните и го ослушувале нивното однесување.
Од раскажувањето на преживеаните, животните неколку часови пред несреќата биле видно вознемирени.
“Глувците и змиите скокаа во вис како луѓе, коњите и кравите си ги удираа главите од ѕидовите во шталата…” – сведочат некои од преживеаните на оваа природна катастрофа во Кина.
Кога пред неколку години Балканот го погодија катастрофални поплави, луѓето раскажуваа за мистериозното однесување на животните пред и за време на големиот “потоп”.
Бевме предупредувани со чудното однесување на мачките, кучињата, коњите, кокошките, како и од мистериозното појавување на змии и глувци кои како да бегаа од нешто. Многумина говореа дека ваквото однесување на животните “не мириса на добро”, но повеќето за жал, не обраќаа внимание на ова.
Змиите исто како и луѓето бегаат на сигурно и не треба да се дига паника. Во 90% од случаите станува збор за неотровни змии.
Глувците бегаат во јато, кучињата завиваат, пчелите ги напуштаат своите кошници…
Првите податоци за чудното однесување на животните датираат од 373 година пред новата ера, пет дена пред потресот на Хелика кога животните, глувците, змиите, ласиците и црвите избегале од градот.
Во Баварија 1910 година, пчелите ги напуштиле своите кошници. Пред потресот во Лисабон во 1755 година, од земјата излегувале црви и инсектите се групирале во роеви.
Кучињата завивале во замокот Трефен, Австрија 1960 година и со тоа спасиле голем број од жителите на замокот. Земјотресот во Неапол 1851 година го најавиле свињите, така што денови пред несреќата се касале едни со други.
Во 1975 година во Хајгенг, месец и половина пред несреќата започнале да се појавуваат глувци во големи чопори. Жабите бегале пред земјотресот во Аквила, Италија во 2008 година.