Овој вкусен десерт се подготвува за три минути, со само три-четири состојки и без брашно. Многу е вкусен и кремаст, а убаво се сече на коцки.

Се подготвува од шест големи јајца и шест лажици шеќер, а кога ќе се изматат им се додава млеко, но јас додавам и крем сирење за уште побогат вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 јајца
6 супени лажици шеќер
300 г крем сирење
400 мл незасладено кондензирано млеко (може и обично)

ПОСТАПКА:

Јајцата со шеќерот треба да се матат додека да се удвои во волумен и смесата да стане кремаста, а шеќерот да се растопи. Потоа додајте 300 грама крем сирење и 400 милилитри кондензирано млеко. Мешајте додека да нема грутчиња.

Истурете ја смесата во калапот (22х22 см) преку цедалка за да биде смесата мазна.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени 35 минути.

Кога ќе се излади наросете шеќер во прав и послужете добро оладено. Овој рецепт е неверојатен! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.