Кога немам многу време ја подготвувам оваа брза и многу вкусна вечера…Децата ја обожаваат, а често ја правам и за гости…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 јајца
200 г шунка, сечена на коцки
100 г топено сирење (зденка)
1-2 домати, сечени на коцки
100+50 г рендан кашкавал
сол, црн пипер

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад изматете ги јајцата, додајте ја сечканата шункаи топеното сирење, како и доматите исечкани на ситни коцки. Зачинете со сол и црн пипер.

2.Добиената смеса истурете ја во плех со средна големина обложен со хартија за печење. Ставете да се пече во загреана рерна на 190 ° 20 минути.

3.Печената кора превртете ја врз хартија, обилно посипете рендана кашкавал и внимателно свиткајте ролат.

4.Ролатот вратете го во плехот, одозгора посипете го со рендан кашкавал и печете го уште 10-тина минути на истата температура. Постапката погледнете ја ОВДЕ.