Ако ќо-текот беше добар – немаше да излезе од рајот, туку ќе си останеше таму – велат детските психолози.

Рускиот психолог со пракса од 30 години испрати апел до сите родители во светот.

-На-силството врз децата и ша-марот како „воспитна” мерка и денес се присутни. На овој проблем укажува рускиот психолог Михаил Лабковски, откривајќи дека детето кое трпи ќо-тек во животот го очекуваат само две можни сценарија во иднината, два пата.

„Ако тоа сè уште не ви е јасно и очигледно, сакам да ви објаснам зошто не треба да ги те-пате своите деца.

Кога сме под стрес, на пример нешто нè загрозува ментално или физички нè пов-редува, групата таканаречени глукокортикоидни хормони се ослободуваат во кр-вта. Тоа се познатите хормони на ст-ресот.

Но, овој процес е всушност многу посложен отколку што изгледа и на телото му е потребно многу време за да го „преработи”.

Кога децата се во близина на родителите, особено на мајката, тие чувствуваат заштита, а овие хормони мируваат, односно не се ослободуваат во кр-вта.

Но, доколку самиот родител стане извор на ст-рес, детето до одредена возраст физичкото на-силство не го смета како нешто опасно по него.

Затоа нема ст-рес и детето не забележува дека нешто не е во ред.

Проблемот се случува кога детето ќе порасне. Тогаш, како возрасен човек смета дека на-силството и аг-ресијата се сосем нормални и составен дел од животот, па затоа има само два можни патишта – да стане аг-ресор или „доброволна” жр-тва.

Да го те-пате сопственото дете значи да му ја запечатите неговата судбина, која тешко ќе заврши убаво. Ќе биде з-лоставувано и ќе молчи, бидејќи ќе верува дека тоа е нормално или пак, тоа ќе стане аг-ресор кој те-па, повторно мислејќи дека тоа е нормално.

Ако и вие самите сте биле те-пани во детството и едноставно не можете а да не го те-пате своето дете, или и сами верувате дека во тоа нема ништо лошо, ве молам, консултирајте се со психолог.

Не го игнорирајте ова, не превртувајте со очите. Ова е многу важна тема. И не смее да биде табу”, напишал д-р Лабковски.