Oва е еден старински колач со џем и ореви кој го правеа нашите баби, а одличен е за послужување со кафе или чај. Сите состојки веќе ги имате дома, само измешајте ги, испечете и ќе добиете превкусен колач кој се топи во уста.

Кога дома ќе ми се пријаде нешто благо, секогаш си правам домашен колач бидејќи многу е поздраво, поевтино и за кратко време е готово. Пробајте го овој рецепт, но и другите, кои ми се омилени. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 400 мл вода, 15 лажици шеќер, 20 лажици остро брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 4 супени лажици од кој било џем, 1 лажичка сода бикарбона, 3 лажици какао, 8 лажици пченични никулци (или ореви), уште 3,4 лажици џем за премачкување на колачот, како и јатки за наросување на колачот одозгора.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 јајце, 60 г шеќер, 5 г ванилин шеќер, 60 мл масло, 100 мл млеко, 170 г брашно, 8 г прашок за печиво, 40 г чоколадни трошки. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 3 јајца, 2 чаши брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, 2 чаши шеќер (помали чаши, за јогурт), 1 кесичка ванилин шеќер, 1 чаша масло, 2 чаши млеко, 2 чаши ореви (мелени, по мерење), 50 г чоколадо за готвење (стопено).




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во еден подлабок сад ставете го шеќерот, додајте го острото брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лажичка сода бикарбона, мелените ореви или пченични никулци и какаото. Соединете ги сувите состојки, па додајте го џемот и на крајот водата. Соединете ги сите состојки во хомогена смеса и веднаш излејте во плех со димензии 35х20 см во кој претходно сте ставиле хартија за печење.




Колачот се пече на 200 степени околу 30 минути. Готовиот колач премачкајте го со џем и наросете го со пченични никулци, ореви или мелени бисквити по желба.  Пченични никулци се одлична замена за јаткастите плодови за оние кои се алергични на нив.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Скршете го целото јајце во сад, додајте шеќер и малку ванилин шеќер, па добро соединете со жица/маталка. Потоа истурете го маслото и млекото, па полека прелијте го просеаното брашно, а потоа и прашокот за печиво. Добро измешајте ги сите состојки за да добиете мазна, но полутечна смеса.




На крајот додајте ги чоколадните трошки и сето убаво измешајте. Тестото истурете го во калап со дијаметар од 22 см кој претходно сте го наросиле со малку брашно и рамномерно распоредете го. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути до половина час. По желба, по печењето декорирајте со шеќер во прав. Деталите од целата постапка за вториот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Добро измешајте ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додајте го маслото. Измешајте со жица/маталка до соединување. Додајте ја мешавината со прашок за печиво и млеко. Брашното се додава на 3 пати, а млекото на 2 пати и секојпат енергично се меша смесата додека добро да се соедини. На крајот додајте го растопеното чоколадо и мелените ореви.

ТРЕТ РЕЦЕПТ




Колачот се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу еден час. По печењето, колачот се проверува со чепкалка дали е добро испечен. Некаде на половина од печењето се покрива со алуминиумска фолија за да не добие јака боја одозгора. Откако ќе се излади, наросете го со шеќер во прав или прелијте го со чоколадна глазура.




Коментар на читателка: Кога го правев третиот колач, го печев на 180 степени, околу 50 минути, не требаше ни хартија, ни фолија, па фантастично излезе. По печењето едниот дел го прелив со растопено чоколадо, а другиот дел беше наросен со шеќер во прав. Толку брзо се подгответе сѐ, неверојатно. / Сoolinarka.сom.