„КОГА ЌЕ БИРАШ МАЖ, БИРАЈ ТАТКО ЗА ТВОЕТО ДЕТЕ“: Мудри совети од баба која предупредува на 2 типа мажи кои можат да ве yништат…
Се смета дека изборот на животен партнер е еден од најважните во животот. Човекот со кој сакаме да го поминеме целиот живот не треба да биде кој било маж.
Исто така, семејството на идниот сопружник ќе игра значајна улога во целиот иден живот, затоа не игнорирајте ги воспитувањето, образованието или традиционалните вредности во кои е воспитан вашиот партнер.
Повозрасните жени имаат богато искуство за животот и препознавање на одредени „психолошки профили“ на личностите од опкружувањето, врз основа на кое можат со сигурност да зборуваат за одредени работи.
Со години се споделува една анегдота за мудрите совети на баба, а која се чини дека сè уште е актуелна, ако се земат во предвид настаните и последните случувања во Македонија.
Оваа баба приказната им ја раскажала на своите ќерки, а потоа и на внуците. Таа наводно го доживеала животот со мажи од различни профили и сакала да ги поштеди своите најблиски од неуспех. Според неа, затоа по секоја цена треба да се избегнуваат 2 типа на мажи.
– Првиот тип на маж кој треба да го избегнувате е коцкар. Можеби на почетокот изгледа како забава и игра, но додека да се свртите, тој ќе земе сè што имате и ќе ве остави на улица.
Верувај ми, ниту една љубов не вреди да изгубиш сè што некогаш си стекналa во животот. Коцкарите се себични, се однесуваат типично, а некои дури и мудро го демнат својот „плен“.
Затоа, штом забележите дека мажот има склоност кон коцкање, свртете се и трчајте во спротивна насока колку што ве држат нозете – е првиот совет на оваа мудра жена.
Пороците се најлошото нешто што може да му се случи на секого. Освен коцкањето, друг проблем може да биде и алкохолот и другите зависности, а оваа баба токму на тоа предупредува.
– Држете се настрана од алкохоличари! Ова не ги вклучува оние кои сакаат да се напијат неколку пијачки на прослави или специјални прилики. Овде зборувам за вистински алкохоличари, кои не можат да го поминат денот без одредена доза алкохол.
Таквиот човек има проблем пред сè со себе, а вие сте само спас што се обидува да го земе со себе во бездна. Не за џабе велат: „еднаш алкохоличар, секогаш алкохоличар“, а во дом каде алкохолот е главен збор, љубовта нема да оди добро.
Не верувајте во празни приказни дека ќе престане да пие и дека ве сака повеќе од сè на светот. Таквите луѓе не се способни ниту да даваат ниту да примаат љубов – ова е мислењето на оваа старица.
Бабаta изјавува дека за брак жената мора да биде мудра и да не дозволи љубовта слепо да ја води.
– Кога избирате маж за брак, не избираjте само со срце, туку и со глава и со сета душа. Избирате татко за вашите идни деца и зет на кој вашите родители секогаш ќе можат да се потпрат.
Затоа, не бидете себични. Имајте го предвид мислењето на сите блиски луѓе, бидејќи знаете дека не ви посакуваат зло. Вашиот иден сопруг треба да биде грижлив човек со големо срце, кој секогаш ќе ви дава до знаење дека можете да се потпрете на него.
Така ќе го препознаете меѓу милиони други. И секако, не смее да биде коцкар, ниту пијаница – заклучила таа баба.