Кога ја родив ќерка ми бев пресреќна, но лекарите ми рекоа дека треба да се откажам од неа. А еве како тоа изгледа 15 години подоцна, многумина се растопуваат кога ќе ја видат. Прочитајте ја целата сторија подолу во текстот.
Кога се родила, лекарите на нејзините родители им советувале веднаш да се откажат, а таа денес е позната манекенка.
Кенеди Гарсија (15) од Колорадо, родена е со Даунов синдром. Лекарите веднаш по нејзиното раѓање сметале дека треба да се остави во посебна установа, а доколку сакаат, родителите би можеле да ја дадат на посвојување.
-Ми рекоа дека ќе нема никаков квалитет на живот и дека засекогаш ќе биде во пелени – вели нејзината мајка Рене (40), која веднаш ја отфрлила таа можност, после разговорот со една од бабиците.
-Таа бабица ми рече дека ќерка ми е прекрасна и ми откри дека и самата има ќерка со Даунов синдром и дека живее сосем нормално – вели Рене, додавајќи дека тој разговор бил пресуден во нејзината кончена одлука да си ја задржи ќерката.
А денес Кенеди е манекенка за многу американски брендови, а покрај тоа е танчерка и учествува во бројни меѓународни натпревари.
Има и момче Метју со кој се во голема љубов.
-Таа ноќ кога се породив, срцето ми беше скршено, бидејќи тукушто дознав дека има Даунов синдром. А потоа започнаа да ми ги соопштуваат и сите црни прогнози.
Меѓутоа, погледнете! Денес Кенеди е девојка која живее како и сите нејзини врснички. Има момче кое ја обожува, сака да се дотерува, да танцува и пее. Насекаде околу себе шири чиста радост – вели Рене.